Распишани конкурсите за поезија и плакат за 9то издание на 100 Илјади поети за промена

Mанифестацијата „100 000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ ги распишува годишните конкурси за поезија и плакат/ постер за деветтото издание на Фестивалот:

100тпц постер

ПОЕТСКИ КОНКУРС на манифестацијата „100 Илјади поети за промена“

Mанифестацијата „100 000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува поетски конкурс за овогодинешното издание на Фестивалот. Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално.

Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на Facebook профилот на оваа манифестација или на poetizapromena@gmail.com најдоцна до 1 септември 2019 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредува организацискиот одбор на манифестацијата и здружението и потоа селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 Илјади поети за промена“ – Македонија, кој ќе биде издаден како склоп од оваа манифестација.

Сите останати пристигнати песни ќе бидат објавени на официјалниот сајт на „100 Илјади поети за промена“, затоа што сме овде да се читаме и online, нели? Ваков конкурс се организира веќе девета година по ред – исто онолку пати колку и што се организира оваа манифестација во светот.

a3_plakat-01-01-01-01

Дизајн: Дарко Талески

КОНКУРС ЗА ПЛАКАТ/ ПОСТЕР за манифестацијата „100 илјади поети за промена“

Mанифестацијата „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот, а истите тематски можат да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот… веќе се разбираме, така? 🙂

Дизајнерските решенија може да се испраќаат на истиот email погоре (poetizapromena@gmail.com) или на Facebook профилот на оваа манифестација најдоцна до 1 септември 2019 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението.

Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата која е дел од манифестацијата „100 Илјади поети за промена“, на 28 септември 2019 година во Струмица.

100tpc cover gif


* Манифестацијата „100. 000 поети за промена“ е од меѓународен карактер и се одржува во повеќе светски и европски земји, а нашата држава е дел од истата уште од самиот почеток и поддржана од Општина Струмица;

Leave a comment