Поли Муканова – 48 часа (Бугарија)

На граница ме прашуваат
Дали престојувавте подолго од 48 часа кај нас?
Се замислив
В миг пред очи ми поминуваат средбите со пријателите
Имате ли нешто за пријавување?
Имам куфер со насмевки, фотографии, прегратки,
нови пријателства
Имате ли документ за престојот во земјава?
Како доказ ја напишав оваа песна
што отстоја повеќе
од 48 часа
во моево срце

Превод од бугарски: Зоран Јакимоски

Leave a comment