Александар Михајловиќ – Подземна ера

Трошките од глина се собрани и фрлени
обликот на ликот потсетува на риба во аквариум
која постојано ја отвора устата
како да сака нешто да каже.
Идолот на младите секогаш е ист низ години
само изгледа поинаку во другите очи
потсетува на лежерни времиња
изнесени се хит листите
секој гласа за поп кралицата
облечена како француска куртизана.
Испечената скулптура ја бојадисува зелено
очите се затворени, сонува
затоа молчи, врева не прави
народот ја поздравува, ја поздравува.
Злосторството не се повторува
стегнатата тупаница опоменува дека
ништо не е како што треба
сите молчат за инает на големите
нема да гледаат гладни и боси
нема да гледаат наназад.

Leave a comment