Пилар Родригез Аранда – Внатре (Мексико)

Велат границата е замислена линија
Велат дека е идиотска човечка измислица
Не знаат дека во мене ја носам и е добро дефинирана
Ми поминува низ цревата и ми го прецвиснува срцето
Формира оска што се врти, – емотивна вртимушка
Не се ни сомневаат дека мојата искоренета смеа е чист плач
Испарува оти само гледам, а не чувствувам
Мојот беззаб копнеж веќе е болештина

Велат дека во себе го носиме поимањето на тоа да се биде
Велат дека границата е изворот на сите стравови
Не знаат дека тоа ми е името, – така се нарекувам
Дека и на двете страни се населувам во моето поимање
Дека зад моето лице линијата е маскирана
И дека мојот јазик никогаш не можел да ја згаси жедта
Оти во една единствена мисла го испивам
Целото лажно ветување за враќање назад.

Превод од англиски: Александра Спасеска

Leave a comment