Македонија ќе учествува на првата светска конференција на 100 Илјади поети за промена во Италија

Во периодот од 3ти до 8ми јуни во Салерно, Италија ќе се одржи првата светска поетска конференција на 100 Илјади поети за промена (100 Thousand Poets for Change (Official)). На истата ќе земат учество околу 200 организатори на оваа манифестација од цел свет, а во која Македонија се вклучи уште на самиот почеток.

salerno

На истата ќе се разговара за идните планови на ова глобално движење, како и за тоа кои се локалните, но и глобалните проблеми со кои се соочува нашата планета и кои методи на дејствување ќе се употребуваат како следни чекори за оваа движење да може успешно како и до сега да ги пренесува пораките кои го загрижуваат човештвото.

миилл

Поети, писатели, уметници и хуманитарци ќе бидат таму да создаваат поезија, перформанси, да се едуцираат меѓусебно и да покажат како во своите индивидуалните заедници одлучуваат за својата специфична област на фокус за промена во рамките на целокупната програма за мир и одржливост, што основач Мајкл Ротенберг ја изјави уште на самиот почеток на ова движење, а таа гласи: “… тоа е нашата голема загриженост која доаѓа од целиот свет и ќе биде наш водечки принцип за овој глобален настан.”

100ммм

Сите оние кои ќе учествуваат се надеваат дека преку своите активности и настани, ја искористиле можноста да ги мапираат локалните, но и глобалните проблеми, како и да направат пренасочување на политичкиот и социјален дијалог и да го свртат наративот на цивилизација за потребата од мир и одржливост на човечките вредности преку нивното авторско дело.

На оваа конференција ќе има претставник и од Македонија, односно организаторот на овој фестивал во Струмица – Митко Гогов. Годинава, на крајот на септември одбележуваме јубилејно 5то издание на фестивалот!

100tpc

Целата документација од овој настан како и од сите поединечни досега се објавени на веб сајтот 100TPC.org, а ќе биде зачувана и архивирана од Универзитетот Стенфорд во Калифорнија, која го признава 100 илјади поети за промена како историски настан, односно најголемо поетско читање во историјата.

100њ

Тие ќе ја архивираат комплетната содржина на веб-сајтот 100TPC.org, како дел од нивната програма за дигитално архивирање LOCKSS.

Leave a comment