Ристо Маџунков – Меѓу две небиднини

Патувам долго
во тишината на твојата присутност
што се влева во мене како жедна суша
во времето постоиме заедно… Continue reading

Постер од LEE BALAN

Вечерва го израдувавме Michael Rothenberg со нашиот нов блог. Овде ги имаме архивирано речиси сите информации поврзани со овој настан во Македонија. За возврат тој сподели прекрасен постер со нас, вреди да го чуваме овде и да служи како апел/ повик до сите уметници кои оваа година сакаат да се вклучат во ова глобално движење.

Да ја сопреме војната сега! Да ја сопреме овде и веднаш! Одличен дизајн на Lee Balan, доколку ви се допаѓа слободно може да го искористите како идеја за печатење на маици, за тоа имаме дозвола од самиот автор. Уште една година во која се трудиме да ги решиме проблемите кои несомнено ни се наменуваат од сите страни. Да застанеме гордо и со своето творештво повторно да покажеме дека ние сме промената која сакаме да ја видиме во светот! „100 илјади уметници за промена“ – ДА, тоа сме сите НИЕ кои живееме во духот на креативноста, сплотувањето, разбирањето и славењето на хуманоста. Да продолжиме да ја славиме оваа убава традиција на човештвото, и да не дозволиме да ни биде одземена!

koko