Никола Д. Сарајлија – Безвременска песна

Со тебе би го потрошил сето време на вселената
Наутро под прозорец да слушам птици како те будат… Continue reading

Мануела Златкова – Не знаеш ништо за крајот на светот

Крајот на играта
доаѓа кога пред нашите очи
ќе се провлечат лицата
на сите мали деца
кои пред нас
се залажуваа дека се наивни, Continue reading

Љубица Шулова

Игри

Игри на сенките,
а ти не знаеш каде попрво да погледнеш.
Чувствуваш заробеност,
а рацете ти се одврзани.
И додека мислиш на непромисленото,
невозможното ти подава рака.
Мислиш дека го гледаш залезот
а слепец си од раѓање,
сонливо ги триеш очите
но, без успех.
Тишината ти ја свири својата
меланхолична мелодија,
а ти уживаш.
Патуваш низ времето,
а си личност од сегашноста.
Го вртиш тркалото на среќата,
а, веќе си надвор од играта.

Игра на сенките,
а ти не знаеш која попрво да ја пратиш.
Пред тебе една,
зад тебе многу,
немоќност преовладува.
Часовникот оттчукнува
а ти не можеш да го вратиш времето.
Се вртиш во круг
додека патоказот ти е во прегратка.
Чекориш низ играта на огнот,
а потполно си гол.
Саркастичноста на бројот
тебе ти е опсесија,
постојано го гледаш на секаде.
Не, ти го измислуваш
во погледот,
во денот.

Игра на сенките,
А ти не знаеш дали е вистина,
или сонуваш…
Торбата на вистината ти е висната на рамиња
и те скршува товарот.
Неслучајно го прегазуваш срцето,
а болка нема.
Тесна ти е кошулата
и едвај дишеш.
Бегаш од спектаклот
а тој те прати.
Успеваш да се протнеш
низ препреките,
низ громовите.
Игра на сенките,
А ти знаеш..
Дека ти си победникот !!!