Катерина Гогова – Здив

Се плашам дека еден ден/ ќе го отворам / кутивчето што ми ги чува / желбите за вечна есен / и повторно ќе биде септември Continue reading

Александар Митовски -Македонска кутија

Не знам дали е од картон или од пластика –
и двете ќе да се увезени од некаде –
оти чичкото што знаеше да прави картон
вози камион по некоја страна од атласот;
чичкото што собираше пластика
беше собран и однесен еден изгор ден. Continue reading

Диме Данов – Ќе дојде денот

Ќе дојде ден кога
ќе се испушти гневот од синџирот
како прегладнат пес
со заби изострени од немир
и канџи полни пореметена сила. Continue reading

Мане Манушев

Кога завршуваше денот

Кога завршуваше денот
ме прашуваа
каде е твојот дом?
јас им велев –
таму каде небото е пониско
од вашите тавани и кровови,
кога завршуваше денот
ме прашуваа
кој е твојот јазик?
а јас им велев –
оној јазик
од чија празнина помеѓу
зборовите ќе разберете
дека нашата иднина е невина,
ме прашуваа
кој е твојот пат?
а јас им велев…
патот на птиците чии сенки
остануваа на небото
кога завршуваше денот.